Совет од милион долари: Не си го губи времето на тоа да се обидуваш да бидеш нормален

Милијардерот Ричард Брансон тврди дека сите негови постигнувања (го прелета Тихиот Океан со балон, патуваше во вселената, основа компанија за патнички авиопревоз) се должат на тоа што тој размислува во перспектива.

„Никогаш не сум имал желба вистински да се вклопам, и тоа добро ми послужи во бизнисот. Иновациите не доаѓаат од тоа да се чувствуваш комфорно и да го правиш тоа што го прават сите останати“, пишува Брансон на својот блог.

За да почнете да се чувствувате удобно во однос на својата креативност и различен начин на мислење, Брансон советува: „Не си го губете времето на тоа да се обидувате да бидете нормални“.

„Сите ние имаме различни квалитет и силни страни и треба да ги користиме во наша полза, наместо просто да се обидуваме да бидеме како сите останати“, објаснува тој.

Независно од тоа дали станува збор за тоа што го напуштил училиштетот на 16 години или за тоа дека основа сопствена авиокомпанија без искуство во авиоиндустријата, истакнува Брансон, тој секогаш ги правел нештата поразлично од останатите.

Уште како дете имал можност да ги истражува и да ги реализира своите „чудни идеи“, главно благодарение на неговите родители и нивната поддршка.

„Моите родители го потхрануваа мојот претприемачки дух; дури и ми дозволуваа да одгледувам новогодишни елки и папагали – бизниси од кои се обидував да остварам профит уште додека бев мал“, пишува милијардерот. „Секогаш имаа позитивен став кон моите откачени идеи и многу сум благодарен што не се обидуваа да ме принудат да се впишам и држам во општоприфатените норми.

Со еден збор, основачот на Virgin Group успеал затоа што го правел тоа што нему му делувало и му прилегало најдобро. Неговата препорака е и другите да го прават истото. Сепак, вели, тоа ќе се исплати само под два услова: Ако после секој пад одново станувате на нозе, и ако сте си го напишале домашното (читај: ако го сработите тоа што треба да го сработите).

 

- Реклама -