„Токсичен подарок за Македонија“ пишувале британските медиумии уште во 2001-ва.
Ете, полека почнува да се разрешува „мистеријата“ на загадувањето. И да, се потврдува дека не е ниту сообраќајот, ниту греењето, туку горењето на токсично ѓубре од цела Европа, за кое власта и нејзините другарчиња земаат дебели пари, а ние умираме.
Имено, британската Влада во 2000-та ни „поклонила“ согорувач за медицински отпад кој не ги задоволува ЕУ стандардите и не пружа заштита од отровите при согорувањето. Овој согорувач не ги филтрира гасовите и токсините кои предизвикуваат рак и бројни други пореметувања.
„Ова е едно од најлошите подметнувања на лоша технолигија маскирано како подарок кој сум го посведочил во источна Европа“, рекол Adam Ostrowski, експерт за менаџирање на токсичен отпад.
Велевски Ѓорѓи, менаџерот на Дрисла, каде што се користи овој согорувач, тогаш изјавил дека НЕ ги купиле деловите кои би биле филтри затоа што чинеле 200.000 фунти, а тоа било прескапо. 200.000 МОЧАНИ ФУНТИ БИЛЕ ПРЕМНОГУ, НЕКА УМИРАМЕ. Патните трошоци им се толку. Тажните врби во Вардар коштаа повеќе!
Влада на Република Македонија, Петре Шилегов… До кога ќе не’ лажете со бесплатен превоз, оданочувате со акцизи и УБИВАТЕ, додека истовремено и вие ги штитите и профитирате од трујачите како претходната власт?
Луѓе мои, до кога бе ќе ги трпиме? Не стварно, до кога? Ширете ја информацијава и ајде да се организираме. Живот е во влог.“
Преземено од Фејсбук профилот на Инес Ефремова. Линк до постот: ТУКА.
Линк до статијата на која се алудира во текстот: ТУКА.
Во меѓувреме, вест од 2011-та:
Во случај да не можете да прочитате од принтскринот, повелете ЛИНК.
Во меѓувреме (втор дел)…
… На официјалниот сајт на Дрисла сé уште стои ова (од за нас мистериозни причини пишано со жолти букви):
„За потребите на медицинските установи од Градот Скопје и околината, а согласно Решението на Министерството за здравство, ДРИСЛА – СКОПЈЕ ДОО е единствено претпријатие кое врши собирање и согорување на медицински отпад, односно негова обработка.
За таа цел во кругот на депонијата е поставена печка за согорување на медицинскиот отпад – инсенератор, со капацитет од 200кг на час согорување на медицински отпад или 500 тони на годишно ниво.
Инсенераторот (печката за спалување на медицински отпад) е дониран на Р.Македонија од Британската Влада. Донесен е на локалитетот Дрисла во Февруари 2000 година, а пуштен е во употреба во Април 2000 год.
Инсенераторот лоциран во депонија Дрисла е со основна намена за спалување на медицински отпад и лекови со поминат рок. Но, исто така во него може да се согорува и друг вид на отпад по барање на правни и физички лица.“
Повелете и табела на количина на согорен отпад, по години (забележувате како се зголемува?):
Повелете ЛИНК, ама и принтскрин, за секој случај:
Потсетуваме и на други слични „шушкања“. Прочитајте на: Свесно го загадуваат воздухот во Скопје, заради профит?!