За жал, концертот на Rag`n`Bone Man во Скопје се откажува

Авалонци пред малку изјавија дека концертот на Rag`n`Bone Man во Скопје се откажува. Да не тупиме, еве ви ја оригиналната објава на нивниот официјален фејзбук фан пејџ.

Почитувани пријатели,

Со огромно жалење сакаме да ве информираме дека концертот на Rag`n`Bone Man во Скопје, се ОТКАЖУВА!
Од технички причини, менаџментот на Rag`n`Bone Man ги откажа сите негови концерти во овој дел на Европа, вклучувајќи ги градовите: Белград, Загреб, Софија, Скопје, Солун, Будимпешта и Истанбул.
Сите оние што имаат купено влезници за концертот на Rag`n`Bone Man, ќе можат да направат поврат на средствата онаму каде што ги имаат набавено.

Авалон Продукција

- Реклама -