Како Гери Олдман испуши 34.000 евра

Ако некој некогаш промрчи дека Гери Олдман не е посветен на своите улоги, одма да си знаете дека е шарлатан. Еве, да го видиме примерот со „Darkest hour“ – драма за Втората светска војна, во кој 59-годишниот Олдман го глуми тогашниот британски премиер Винстон Черчил.

Освен што Олдман претрпе голема физичка трансформација, исто така и се изнапуши скапи пури (сепак Черчил е во прашање). Дека тоа не било така фино како што звучи, говори фактот што само на пури е потрошено повеќе отколку на плата на некои актери.

Лево: Гери Олдман. Десно: Пак Гери Олдман.

„Не пушам веќе, се отрув со никотин“, ќе рече Олдман по снимањето. „Пушев по 12 пури дневно, а на нив се потрошени околу 30.000 фунти (околу 34.000 евра). Една пура чини околу 50 фунти (56 евра)…“

Па вие сега рачунајте.

„Имав стомачни проблеми три месеци додека го снимав филмот“, продолжува Олдман. „Имавме божиќна пауза, сите китеа елки и купуваа подароци, а јас за тоа време одев на колоноскопија. Тоа беше мојот подарок…“

Колоноскопијата и кашлањето не биле единствените тортури што Олдман ги преживувал за време на снимањето. Меѓу другото морал и да поминува по 4 часа на стол, за да го нашминкаат и да му ја наместат маската за да изгледа како Черчил.

Make up artist Kazuhiro Tsuji works on Gary Oldman’s prosthetics on the set of director Joe Wright’s DARKEST HOUR, a Focus Features release
- Реклама -