Ќе се одлучува дали видеата од Јутјуб ќе бидат доказ во „Поткуп“

Во Апелациониот суд денеска ќе се одржи јавна седница на којашто ќе биде донесена одлука дали снимките од Јутјуб ќе бидат користени како докази во случајот „Поткуп“.

Првообвинет во овој случај е актуелниот премиер на Македонија, Зоран Заев. Во исто време во Кривичниот суд е закажано рочиште по овој предмет.

Одбраната на Зоран Заев претходно побара овие снимки да не се користат како докази, додека пак премиерот смета дека треба да биде објавена целосната снимка, а не само извадокот што протече на интернет.

- Реклама -