На сајтот на ДИК уште е достапен избирачкиот список

На веб-страницата на Државната изборна комисија уште е достапен избирачкиот список, а со тоа и личните податоци на сите лица со право на глас во Македонија.

Директорот на Агенција за пошти, Влатко Атанасоски, нагласува дека ова е кривично дело, со оглед на тоа што Изборниот законик наложува списокот да е достапен за увид најмногу 30 дена, а во конкретниот случај не само што се поминати 30 дена, туку и уште може да се пребарува низ онлајн верзијата на избирачкиот список.

Агенцијата за пошти ги известила Народниот правобранител и комисијата за заштита на личните податоци, но избирачкиот список, како што укажа директорот Атанасоски, е се уште достапен на веб-страницата на ДИК.

- Реклама -