Бомба во Апелациониот суд во Грција

Ноќеска во Апелациониот суд во Атина, околу 2 часот по полноќ, експлодирала бомба, предизвикувајќи само материјална штета.

По интервенцијата на полицијата пронајдена е торба со остатоци од експлозив. Претходно еден дневен весник и еден портал добиле предупредување за експлозијата.

Обезбедувањето на судот забележало двајца сомнителни мажи. Мотивот за овој напад уште не е познат, но како што тече истрагата се исклучува можноста дека се работи за тероризам.

Досега никој не ја презеде одговорноста за експлозијата што одекна само неколку часа откако парламентот ги одобри мерките против демонстрантите, кои редовно се собираа пред судот во обид да ја попречат неделната аукција на недвижности што биле под хипотека.

- Реклама -