Груевски се вози во Пунто старо 20 години

Лидерот во заминување на ВМРО-ДПМНЕ денеска го предводеше протестниот конвој, во знак на револт за апсењата на учесници во настаните од 27 април.

Груевски на протестите денеска излезе со автомобил Фиат Пунто којшто го поседува подолго време, но никогаш не се појавил во неговиот имотен лист во Антикорупциска.

По денешните протести социјалните мрежи се преполни со фотографии на кои може да се забележи поранешниот премиер во скромно возило, но како што се вели во повеќето реакции, сите ја паметат „бомбата“ во која тој нарачува Мерцедес вреден 600.000 евра, за да може да се вози подалеку од очите на јавноста.

- Реклама -