Лилјана Петровиќ: Лага е дека му се враќам на менаџерството, тоа би било предавство за Тоше

Во последните десет години од прераната и трагична смрт на нашиот Тоше Проески, неговата менаџерка Лилјана Петровиќ живее далеку од медиумите и јавната сцена. Веднаш по неговата смрт Лилјана се повлече од светот на шоу-бизнисот и естрадата и се посвети на одгледување лаванда. Денес е сопственик на најголемиот насад на лаванда во регионот.

По смртта на Тоше, ѝ понудиле да биде менаџер на многу пејачи, но таа одбива секаква соработка, велејќи дека секогаш била и ќе биде менаџер само на Тоше.

Во последно време се вртеа шпекулации дека Лилјана по 10 години од смртта на Тоше ќе стане менаџерка на Амар Јашарспахиќ Гиле (стварно е океј да не го знаете). Имено, лицето кое на Фејсбук две години на луѓето им се претставувало како Лилјана Петровиќ (во редакцијата на Azra го знаат името), освен што на Амар му нудело соработка и без негово знаење договарало гостувања во емисии на нашите македонски телевизии, отишло и толку далеку што комуницирало со сите пријатели и познаници на Лилјана, и со месеци давало лажни интервјуа. Дури скоро најавило гостување и во Сараево.

Лилјана по прв пат по десет години проговори за нивното списание, и попат ја објаснува непријатната ситуација.

„Пред 10 години реков дека веќе никогаш нема да се бавам со менаџерска работа. Го изјавив тоа што искрено и го чувствував, а тие емоции не се променети до ден денес. Тоше и јас заедно ја завршивме својата кариера. Прерано, за жал.

Несфатлива ми е потребата на поединци да ме претстават таква каква што не сум, бесрамно да го користат моето име, да шират лаги и невистини. Изморена сум од читање измислени и лажни интервјуа, лажни профили на друштвените мрежи, и неизмерно сум ви благодарна (се обраќа до Azra) што ме контактиравте и предупредивте дека некој дава изјави во мое име.

Сакам да им дадам до знаење на сите луѓе, сите фанови на Тоше, дека јас немам профил на Фејсбук, а ако некој постои – лажен е. Единствена причина поради која денес разговараме (повторно до Azra) е што сум ви благодарна за ова предупредување“.

Од интервјуто на Лилјана Петровиќ за Azra.

- Реклама -