Home Спорт Врбица Стефанов ја напушта Македонија

Врбица Стефанов ја напушта Македонија

0

Легендарниот македонски кошаркар и спортски директор на кошаркарската репрезентација, Врбица Стефанов, реши да ја напушти Македонија и се пресели да живее во Италија, објави дневниот спортски весник „Македонски спорт“ во своето денешно издание.

Популарниот Врба пресече и одлучи да се врати во земјата каде ги доживеа најубавите спортски моменти, а за „Македонски спорт“ изјави дека заминува за да си ги задржи пријателите. Таму ќе работи со млади кошаркарски таленти во Римини.

„Мислам дека така е најдобро и за мене и за сите кои добро ме познаваат. Мислам дека подобро ќе функционирам во животот кога сум подалеку од родната земја, и ќе бидам поголема помош за оние на кои им е потребна, зборувам за пријателите“, вели Стефанов во изјава за „Македонски спорт“.

Повеќе од јасно е дека Врбица Стефанов, иако беше именуван за спортски директор на кошаркарската репрезентација на Македонија, не доби максимален респект во нашата земја, ниту во кошаркарските кругови, ниту пак во приватниот живот. Можеби и тоа е една од причините поради кои Врбица Стефанов се реши да ја напушти Македонија и отсега ќе живее во Римини, Италија.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here