Како богаташите од Бристол спречуваат птици да им ги серат колите

Жителите на еден богат кварт од Бристол, Англија, очигледно сметаат дека наместо тие да се грижат за природата, природата – поконкретно птиците, треба да се грижат за нивните џипови и Бентлија.

Бидејќи птициве баш ги заболе за нивните џипови, уменковциве смислиле „генијално“ решение – ставаат шилци на гранките на дрвата.

Пријавени се две такви дрва, а под нивните гранки биле паркирани BMW-a и Audi-ја.

„Единствената цел на шилците е да ги чуваат колите од птичји измет, нема друга причина“, вели локалниот жител што го пријавил случајот. „Тука навистина има голем проблем со птичјиот измет. Навистина лом ги прават колите, а од некоја причина се собираат токму во овој реон“.

Истиот анонимен Британец изјавил дека и на другите дрва се користат методи за бркање на птиците – како на пример поставување на дрвени макети од птици грабливки меѓу гранките.

Меѓутоа, локалните тврдат дека хуманиве методи баш и не вродуваат со плод, па некои сметаат дека додавање на шилци е неопходно. Подоцна се покажа дека шилци се користат и на рабовите на зградите, на рамките од прозорците и на олуците.

Еколозите и биолозите, нормално, најжестоко го критикуваат таквото однесување. На луѓето, не на птиците.

„Јасно ми е дека сопственикот можеби дури и има такво законско право кога дрвата се наоѓаат на приватен имот“, вели Пола О’Рурк од Зелената партија. „Но, независно дали е дозволено или не, тоа изгледа ужасно, и ужасна е помислата дека дрвата во пракса се недостапни за птиците, само зашто под нив се паркирани автомобили“.

Што е следно, да попрскаме отрови по небото? Oh wait, тоа веќе го правиме…

- Реклама -