„120 денови Содома“ стана национално богатство на Франција

Оригиналниот ракопис од „120 денови Содома“ е повлечен од аукција од страна на француската Влада, затоа што е прогласен за национално богатство и забрани истиот да биде изнесен од државата.

Покрај делото на Маркиз де Сад, повлечен е и ракописот од „Надреалистички манифест“ на Андре Бретон.

Ова дело Маркиз де Сад го напишал за 37 дена во 1785, додека бил затворен во Бастилја, на 12 метри долга ролна од хартија направена од помали парчиња, кои ги „шверцувал“ низ затворот и ги лепел едно за друго.

Кога во 1879 Бастилја била нападната на 14 јули, односно кога започнала Француската револуција, се верувало дека оригиналниот запис е изгубен засекогаш, а Сад велел дека исплакал крвави солзи поради загубата.

По извесно време свитокот бил пронајден скриен во ѕидовите од остатоците од затворот.

Аукциската куќа, кај која досега се наоѓале овие два ракописа, како и уште неколку значајни дела од културата и историјата на Франција, потврдила дека пред да се организира продажба, отсега ќе се консултира со Владата, со цел навреме да се сочуваат ваквите артефакти, коишто претставуваат вистинско национално богатство.

- Реклама -