Фејсбук им објави борба на мамците за лајкови

Таканаречените „engagement baits“ веќе почнаа да им бодат во очи на Цукерберг и компанија, па решија да се борат и против нив.

Сигурно сте налетале на објава на Фејсбук со која се бара да означите некого во коментари, да споделите, да одговарате на прашање, се со цел истото да станува повидливо за корисниците и да се достигне поголем рич (reach).

Од Фејсбук тврдат дека работат на нови алгоритми со кои ќе ги наоѓаат објавите кои се обидуваат да ги „зезнат“ постоечките алгоритми и со тоа да се намали ширењето на спам-објави.

Со ажурирањето, колку една страница е поориентирана кон „engagement bait“, толку повеќе ќе забележи пад на видливоста на објавите.

- Реклама -