Автомобил паднал во Вардар кај Камен мост?

Денеска приквечер во Вардар, во близина на Камениот мост, минувачи забележале возило во реката.

Според снимките од местото на настанот пожарникарите веќе се обидуваат да го извлечат автомобилот од водата.

Уште не е познато како возилото паднало во водите на Вардар, ниту дали во него имало патници, евентуално повредени луѓе.

На местото на настанот, заедно со противпожарната служба, присутна е и амбулантна екипа.

Извор на веста: Слободен печат

- Реклама -