Фото галерија – Како пројде Суперхикс во Скопје

Скопје, (18.12.2017) Минатиот петок се одржа концертот на групата Суперхикс, под мотото “ИЗРАМПАРАРАМИЗИРАЈ СЕ!” во организација на САН продукција, во малата сала на ВИП арената Борис Трајковски.

Околу 2.000 најверни фанови заедно со бендот ги пееја нивните најголемите хитови и уживаа во одличната музика.

„15 декември беше ден кога сакавме и успеавме да му дадеме боја на секојдневното сивило“, рекоа од Суперхикс. На концертот настапија и Визија, еден од најдобрите млади рок состави.

Еве и фотки + видео од концертот

- Реклама -