Пожар проголта бордел во Токио

Четири лица загинаа, а осум се потешко повредени во пожарот кој зафати бордел во северниот дел од Токио.

Пожарот избувнал во трикатна градба во населбата Саитама. Едно тело е пронајдено во котларницата од каде се контролира греењето во објектот.

Во спасувачката акција се извлечени шест мажи и пет жени, од кои на еден маж и две жени веднаш им е констатирана смрт.

Едно од повредените женски лица се наоѓа во критична состојба, додека останатите се здобиле со полесни повреди.

Борделот „Каваи Омија“ редовно бил контролиран од инспекциите и никогаш досега не се забележани неправилности во работата, ниту пак во опремата за гаснење пожар и останатите апарати кои може да загрозат нечиј живот на било каков начин.

- Реклама -