Кога животните спасуваат животи

хероиХероизмот не е особина резервирана за луѓето. Понекогаш и животните знаат да постапат херојски, поради разни причини. Но без разлика дали го прават тоа од лојалност кон сопственикот или поради родителскиот инстинкт да се заштити беспомошно суштество, овие животни се олицетворение на поимот херој – некој што го ризикува сопствениот живот за да му помогне на друг.

Хероизмот не е особина резервирана за луѓето. Понекогаш и животните знаат да постапат херојски, поради разни причини. Но без разлика дали го прават тоа од лојалност кон сопственикот или поради родителскиот инстинкт да се заштити беспомошно суштество, овие животни се олицетворение на поимот херој – некој што го ризикува сопствениот живот за да му помогне на друг.

Кит спасува нуркач
херои

Јанг Јун била дел од подводно натпреварување во кое требало да седи на дното од 6 метри длабок арктички базен во кинеската Поларна Земја. Но поради ниската температура на водата, таа добила грч на двете нозе и не можела да се врати на површината. И кога Јанг Јун почнала да губи надеж, еден од жителите на базенот, кит белуга наречен Мила ја фатила Јун за нозете и почнала да ја носи нагоре.

Делфини спасуваат сурфер
херои

Приказни за тоа како делфини спасуваат луѓе можат да се чујат насекаде. Таква е и приказната за Тод Ендрис, сурфер кој преживел напад од бела ајкула, во водите на Калифорнија.
Откако ајкулата го гризнала, група делфини го обиколила и ја бркале ајкулата додека Тод стигнал на брегот. Исто како што би направиле за друг делфин.

Горила спасува бебе
херои

Кога три годишно момче паднало во кафезот на горилите во зоолошката градина Брукфилд во Илиноис, повредите заработени од 7,5 метарскиот пад не биле единствената опасност, во кафезот имало неколку возрасни горили. Но, седум годишната женка Бинти ја презела ситуацијата во свои раце, таа го подигнала бебето и внимателно го однесла до една од вратите за чуварите да можат да го спасат. Бебето било пренесено во болница и целосно закрепнало.

Куче спасува момче
херои

Најдобриот пријател на човекот не се плаши да го спаси својот сопственик. Во овој случај, 18 месечното куче Пинки го привлекло вниманието на рој пчели кои се упатиле кон нејзиниот придружник, девет годишниот Ричи Браг. Пинки имала над 40 убоди, но преживеала и најверојатно му го спасила животот на Ричи кој боледува од хемофилија.

Лавови спасуваат девојче
херои

Иако некои ја оспоруваат оваа приказна, The Guardian известува дека, во 2005, во Етиопија било киднапирано девојче, од страна на седум мажи. Девојчето било тепано цела недела, сè додека три лавови не ги избркале мажите и го чувале девојчето до моментот кога пристигнала полицијата. Теории за однесувањето на лавовите се движат од тоа дека лавовите го помешале нејзиното плачење со плачењето на мало лавче, па сè до можноста дека се подготвувале да го изедат девојчето кога стигнала полицијата, но The Guardian цитира еден наредник од етиопската полиција „Ако лавовите не пристигнале во тој момент, тогаш можело да биде многу полошо.“

Слон спасува девојче
херои

Амбер Мејсон, осум годишно девојче од Бакс, Англија, била во Пукет, Тајланд за време на цунамито во 2005. Во моментот кога се случило цунамиот Амбер го јавала слонот Нингнонг.
Кога нивото на водата почнало да се подигнува, слонот почнал да трча кон повисок терен и ја поднел целата сила на бранот, притоа држејќи ја Амбер над површината на водата.

- Реклама -