Брутално писмо до Дедо Мраз

Дури и да постои, Дедо Мраз годинава посебно ќе избегнува една конкретна елка, таа на 6-годишниот син на Сара МекКамон. Колку и да располага Дедо Мраз со празнично расположение, добрина и ведар дух, тоа нема да биде доволно ни за да му припари на нихилизмот на малиов скептик.

Ќе ви стане појасно кога ќе му го прочитате писмото, напишано во рамките на школската задача „Писмо до Дедо Мраз“. Да не должиме, еве го:

„Дедо Мраз, 

Ова го пишувам само затоа што ме тераат во школо. 

Знам дека твојата листа на немирни деца е празна. Знам и дека и твојата листа на послушни деца е празна, и дека животот ти е празен. 

Ти појма немаш за неволјите што ги имам поминато во животот. 

Збогум.

Со љубов,

Не ти го кажувам моето име“

Реакцијата на мајка му:

Реакцијата на интернет: Добро што не му пишал „И да постоиш, умри“.

 

 

 

- Реклама -