Нил Армстронг ќе биде погребан на море

Најголемиот херој на Америка, Нил Армстронг, нема да има гроб туку ќе биде погребан на море.

Армстронг бил поручник во резервата на Американската Воена Морнарица. Тој станал дел од морнарицата во 1949 година и го завршил својот тренинг во Морнаричката База Пенсакола каде што се квалификувал како пилот. Тој имал 78 борбени мисии во војната во Кореја – вкупно 121 час во борбени услови.

Тој ја напуштил морнарицата за да ја зазврши својата магистратура во спејски инженеринг по што станал дел од NASA. Но тој сепак останал морнар, што е причина за неговата желба да биде погребан на море. Но можеби причина е неговата скромност и желба за приватност.

Според Секретарот на Воената Морнарица, Реј Мабус „тој никогаш не сакаше да биде жив споменик, но сепак за неколку генерации во целиот свет тој е совршен пример со неговата епска храброст и тивка скромност.“ Неговиот јавен погреб ќе биде одржан на 13 септември в Националната Катедрала во Вашингтон. [Neil Armstrong, who stood on moon’s Sea of Tranquility, to be buried at sea]

- Реклама -