Вистинската смрт на Вилијам Волис била уште поужасна од таа на Мел Гибсон во „Храбро срце“

Колку пати сте го гледале Храбро срце (ака. Braveheart) на Мел Гибсон? A колку пати сте го гледале без да пуштите солза? Баш така.

Меѓутоа, филмот Braveheart е познат меѓу познавачите на историјата по своите историски неточности во портретирањето на приказната за Вилијам Волес и неговата борба против Англичаните. Најважната за љубителите на филмот, сепак,  веројатно е таа околу неговата смрт. Зборуваме за последната сцена во која е прикажано мачењето и неговата егзекуција. Сигурно ја знаете напамет, ама сепак видео.

 

 

Сцената е толку трагична и трогателна што дури и мачителот во филмот сака да му се смилува на Волес. Но во реалноста изгледало поинаку.

Во реалноста, Волес бил соблечен гол, врзан за коњ, и влечен 8 километри по улиците на Лондон. Сведоштвата од негови современици известуваат и дека бил камшикуван и гаѓан со скапана храна на пат кон бесилката т.е. платформата за мачење.

А таму, Волес бил обесен, кастриран, а потоа и му биле вадени внатрешните органи – сето тоа додека сé уште бил жив, пред конечно да биде обезглавен.

Илустрација од 1850 година од книгата Pictures of English History на George Routledge & Sons. Прикажан е Волес додека бил влечен гол низ улиците на Лондон Сити. Егзекуцијата била извршена во близина на Smithfield Market.

По неговата страшна егзекуција, телото на Волес било поделено на четири дела кои биле изложувани во разни делови ширум Шкотска, за да служи за пример. Главата му била набиена на колец во Лондон.

* * *

Сега кога ја знаеме вистинската приказна, Мел Гибсон (кој, за секој случај ќе напоменеме, е и режисер на филмот) заслужува уште поголеми честитки. На Вилијам Волес му ја подари смртта што веројатно ја заслужувал – со многу храброст, достоинство и крената глава, доследен до самиот крај. Нам, пак, ни подари една од најубавите оди за слободата.

Freeeeeedooooom!

- Реклама -