Пиштол гола брканица во гасна комора во концентрационен логор. Арт било

Здруженијата на преживеани од Холокаустот сé уште не можат да си го објаснат бизарното видео во кое се прикажани голи мажи и жени како играат брканица („ти си шуга“) во една од гасните комори во поранешен нацистички концентрационен камп. Нормално дека се бесни.

Се работи всушност за уметничка инсталација, барем на хартија. Видеото е снимено во концентрациониот камп Stutthof близу Гданск, Полска, а било прикажано во Музејот за современа уметност во Краков во 2015-та, како дел од изложба насловена „Полска-Израел-Германија. Искуството од Аушвиц“. И тогаш по протестите изложбата била прекината.

Инаку во кампот каде што е снимена „уметничката инсталација“, во Втората светска војна се убиени околу 65.000 луѓе. Затоа неколку организации на преживеани од Холокаустот сега бараат полскиот претседател Анджеј Дуда да објасни како воопшто било дозволено да се случи снимањето.

Снимката сега повторно исплива на само две недели откако двајца стражари (92 и 93-годишни) од концентрациониот логор Stutthof беа осудени затоа што биле „инструмент за убиство“ додека работеле во кампот во Втората светска војна.

Како што рековме, во Stutthof се убиени околу 65.000 лица. Дел биле усмртени во гасни комори, други застрелани, трети умреле од глад или измрзнале до смрт. Меѓу јуни ’44-та и април ’45-та, членовите на SS убиле неколку стотици Евреи пукајќи им во тилот. Во периодот од доцна ’42-ра до доцна ’44-та, докторите и сестрите во логорот убиле повеќе од 140 затвореници – многу од нив жени и деца, со инектирање на бензин и/или фенол во нивните срца.

Stutthof e ослободен од Советската армија на 9 мај 1945 година, истиот ден кога завршила Втората светска војна.

Видеото сé уште стои на официјалниот сајт на музејот. Повелете линк, ама гледајте го (само ако сте 18+) на своја одговорност. Содржи целосна голотија, и според многумина, многу, многу глупост.

Извор: Daily Mail

- Реклама -