Козење кон врвот

Некаде во рамните полиња на Илиноис живее Дејвид Џонсон. Баш таму каде што живее, пространството ќе ви го пресечe еден необичен објект, многу сличен на средновековна стражарска кула за стрелци.

Кулата е висока околу 9.5 метри, налик на португалските вертикални декоративни градини од 18-ти век. Изненадените репортери од News10 одат да го прашаат што го спопаднало за да ја изгради.

Е па, кози го спопаднале. „Козите се генетски програмирани да се качуваат. Ако ја немам кулата, ќе ми се качуваат на колата“, одговара Џонсон.

И стварно, еден поглед нагоре и ќе ги видите среќните фацки на козите како срамежливо ве ѕиркаат од горните катови.

Во приказнава на Џонсон, меѓутоа, има мал твист. Пред да ја изгради кулата кози немале. Неговата сопруга тогаш сé уште работела како професорка. Џонсон ја видел кулата во некое фармерско списание, и бидејќи имал вишок тули, решил да ја изгради. Сопругата, со една нога веќе во пензија, се согласила, надевајќи се дека козите ќе ѝ бидат занимација.

И згрешиле. Не со козите, туку затоа што купиле купиле 11, сосе јарец. Наскоро имале 37. Во меѓувреме „проблемот“ е решен. Денес имаат 5 и се големо и среќно семејство.

 

Кули за кози има и ширум светот.

- Реклама -