Синиша Михајловиќ: Македонија требаше да победи во Загреб

Српскиот селектор Синиша Михајловиќ го „пецна“ Игор Штимац, селекторот на Хрватска, со изјавата дека „Коцкастите“ среќно ја победиле Македонија, а според прикажаната игра токму нашиот национален тим го заслужил триумфот на натпреварот на „Максимир“.

„Кој ни гарантира дека со две победи на стартот би се пласирале на Светското првенство во Бразил. Па, квалификациите ќе се играат до самиот крај и оваа група ќе биде отворена до последното коло. Еве, Хрватска ја победи Македонија со 1:0, а според прикажаното, требаше да загуби. Белгијците со играч повеќе едвај го совладаа Велс“, изјави Синиша Михајловиќ за српските медиуми.

Тој побара од новинарите да не создаваат дополнителен притисок пред мечот со Велс: „Мора да се победи?! Во животот не мора ништо – освен една работа. Но, верувајте, ние ќе сториме сè за да победиме“, заврши селекторот на Србија во пресрет на дуелот со Велшаните на домашен терен.

Нашата репрезентација има шанса да го поправи впечатокот вечерва со вториот дуел на гости, против репрезентацијата на Шкотска, на Хампден Парк во Глазгов, со почеток од 21 часот.

- Реклама -