Меланија се пофали како ја украсила Белата куќа


Ова дека Меланија ја украсила Белата куќа го пишуваме иронично, затоа што и покрај тоа што така гласи официјалното соопштение, од сé што ќе видите во продолжение јасно е дека на ова работеле пар миљона („љ“ заради ефект) експерти.

Или еве, преку официјални бројки: На украсувањето се работело околу 1.600 часови. Вклучени биле 150 доброволци од 29 американски држави. Потрошиле 1600 часа. Меланија наводно го избрала секој детал од украсите. Ај да видиме од бројките колку е тоа возможно: употребени се 71 новогодишни венци (од оние кружните), 53 новогодишни елки, над 18.000 сијалички, над 12.000 украси, 2.800 метри (2.8 километри!) новогодишни украсни ленти и над 300 метри украсни венци (од оние светкавите).

Еве нека е сé тоа дело на Меланија. Ама Нова година и Божиќ не се Нова година и Божиќ само со украси. Мора да има и кркање. Во Белата куќа се очекуваат над 25.000 посетители за време на празниците. Соодветно, направени се 31.000 торти и колачи, како и 15.000 шеќерни слатки (кои често им се даваат на гостите за во џеб на пат кон дома).

Да не се разбереме погрешно, сигурни сме дека и Меланија има голем удел во фасцинантните сцени што ќе ги видите во продолжение. Стопати досега покажала дека има изострен вкус (освен за Трамп, можда).

Официјалното видео:

- Реклама -