Полицијата ги бара Илиевски, Дамовски и Нинџа. Ќе има потерници

Преземено од Либертас

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција донесе Наредба за спроведување на истражна постапка против триесет и шест лица поради основано сомнение за сторено кривично дело Терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста од член 313 од Кривичниот законик, се вели во соопштението од ОЈО.

Неофицијално, според информации кои ги пренесе Нова се трага по Богдан Илиевски, на социјалните мрежи познат како Бетмен велит и Александар Дамовски, двајцата дел од иницијатовата За заедничка Македонија кои одржуваа протести и повикуваа на наводна одбрана на државата, а беа видени во Собранието на крвавиот четврток. За нив ќе бита распишани и потерници.

Се трага и по Никола Митревски – Кољо и Александар Василевски наречен Нинџа. Тој во октомври беше приведен заедно со негов пријател вработен во Шестата управа, и по два часа распит во полициската станица Автокоманда, беше пуштен.

Александар Василевски-Нинџа се појавува и на видео снимките од крвавиот четврток, мешу насилниците кои себе носеа фантомки и ја насочуваа толпата кон пресс салата каде што беа пратениците на мнозинството. Тој се поврзува со криминалното подземје и со поранешниот прв човек на УБК Сашо Мијалков.Нинџа до сега неколку пати е осудуван и има издржувано казна затвор.

Тој се споменува во два случаи последниве години „Ровер“ и „Детонатор“.

Во случајот „Ровер“ во 2013 година тој беше сведок против 15 обвинети за убиство и помагање убиство на Марјан Тушевски и Kире Јанев во јули 2001 година, меѓу кои и екс министерот Љубе Бошковски.

- Реклама -