24 брендови што знаат како да привлечат внимание

Со толку многу конкуренција, не е ни чудно што маркетингот е едно од полињата со најмногу креативност. Брендовите и компаниите тоа ни го потврдиле безброј пати, но примериве во продолжение се таму некаде горе, меѓу најдобрите; затоа што не се само обични билборди, туку учествуваат во просторот и не ти дозволуваат да не погледнеш.

Реклама за сендвичара на автобуска постојка.
Спрајт тушеви.
Билборд со препознатливите бои на Carlsberg, ама и ти точи бесплатно пиво.
Кампања за чист воздух. Кога некој ќе се допре, „се чисти“ сивилото.
Кампања на COA Youth & Family Centers со која се повикуваат родителите да се вклучат во едукацијата на своите деца.
Што имаат заедничко чистењето улици и чистењето на забите? Во случајов, четката.
„Топли поздрави од Drybar“ – ланец салони за убавина.
KitKat зона за муабет, без WiFi.
„Паметни идеи за попаметни градови“ – IBM
Кампања со порака: Качувањето на скаливе за некои луѓе е како качување на Монт Еверест. Помогни им на лицата со ограничени можности (т.е. на лицата со инвалидитет)
Како Guitar Hero, ама со мочање. Не е реклама за бренд, ама е реклама за барот.
Билборд на универзитетот UTEC. Буквално прави вода од воздух, а капките тоа јасно го даваат до знаење.
Истиот билборд на UTEC, овој пат со фокус на примената.
Билборд на Stop & Shop со интерактивен каталог што ви овозможува да испазарите преку смартфон.
Nivea флаер за крема за сончање. Притоа и соларен полнач за мобилен.
Интерактивен билборд на Nike со вклучена лента за трчање. Пораката е дека со секој истрчан километар, Nike ќе донира за Unicef. Може да придонесе секој минувач.
Билборд огледало во јавно веце.
Се разбира, мора да се спомнат и рекламите на HBO за Game Of Thrones. Постеров не само што го рекламира почетокот на новата сезона, туку и го снабдува соседното училиште со соларна енергија.
Интерактивен билборд со кој можеш да ја пробаш „новата“ Nokia Lumia.
„Земи си кутија, имај убаво селење“ реклама на Ikea. Ем ве снабдува со толку потребните картонски кутии, ем овие кутии потоа можете да ги претворите во привремен „мебел“ додека го средувате новиот стан: завеса, масичка, чергиче за чевли…
Авиокомпанијата Delta и нивните USB полначки станици поставени на секое седиште во дел од њујоршките такси автомобили.
Pepsi џубокс во канадското метро. Кога немаш батерија, ги приклучуваш слушалките во билбордот и ти свири музика.
Веројатно ова ни е фаворит. Реклама за часовници што ќе ти покаже колку убаво ти стои моделот, и после автоматски го сакаш. Што ти е изборот, да не се држиш во автобус?
А вака се рекламира Quiksilver – брендот што им е страшно близок на скејтерите.
Кампања против рак на Cooch Creative. Билбордот ви дава бесплатна крема за сончање со фактор 30, со порака дека е подобро да ја намалите изложеноста на сонце отколку потоа да се оперирате од рак на кожа.
Реклама на McDonald’s за кампањата „две недели бесплатно кафе“. Ем интересен, ем препознатлив, ем ја осветлува улицата (бандера е).
- Реклама -