Пандев нема секс два дена пред натпревар

Горан Пандев игра одлично во Наполи, впрочем како и целата екипа, а лекарот на овој тим, Алфонсо де Никола, открива дека еден од рецептите за да се заштитат фудбалерите од повреди е забраната за секс два дена во пресрет на секој меч.

„Избегнувањето на сексуалните активности два дена пред секој натпревар е основа за да се спречат запаленијата и истегнувањата на мускулите. Исто така, се работи многу на превенција, затоа што подобро е да се спречи, отколку да се лечи“ вели Де Никола.

Фудбалерите во тимот на Наполи добиваат стриктни упатства како да се однесуваат и во приватниот живот, односно, во периодот додека не се под наздор на клупските лекари и стручниот штаб.

„Мора да се пофалат фудбалерите, затоа што  се максимално професионални и во приватниот живот. Тие и дома мораат да прават одредени вежби. На пример, фудбалерите не смеат да прават нагли движења што може да создаде аномалија во некои други движења, па затоа постојат некои едноставни правила кои треба да се почитуваат и надвор од тренинзите“ истакнува лекарот на Наполи.

- Реклама -