Во Грција по поплавите – постапокалиптично

По поплавите во близина на Атина разрушени и оштетени се голем број на преубави цркви, таверни и спомен-обележја, а Ципрас прогласи национална жалост по смртта на 15 лица кои животот го изгубија во оваа катастрофа.

Меѓу загинатите се и 10 мажи и пет жени. Властите сметаат дека под итно мора да се усвојат законски мерки за помош на загрозените домаќинства и компании.

Најпогодени се двата приморски града Неа Перамос, Мегара и Мандра. Водата носела сè пред себе – и автомобили и сообраќајни знаци и дрвја – многу од жителите се качувале на покривите на куќите за да се спасат.

Грчките медиуми веќе ја нарекуваат оваа поплава библиска. Патиштата се преполни со ѓубре и кал, а голем број домови веќе се неупотреблици.

Засега сите сомнежи за големата штета водат кон тоа дека инфраструктурата во овој дел е лоша и дека голем број објекти се градени неплански или нелегално, што дополнително ќе се истражува откако ситуацијата ќе се стабилизира.

- Реклама -