На 9 и 10 ноември, во Рали (Raleigh) Северна Каролина се одржа Меѓународна Flat Earth конференција. Се собраа рамноземјаши од целата земјина топка… или барем требаше. Главно беа Американци.
Како и да е, на конференцијата се зборуваше за тоа зошто NASA нé лаже, што има Библијата да каже на сето ова, и зошто научниот метод потфрла, меѓу другото.
Меѓу присутните беше и оној црнецот што се качи во авион со васер-вага за да докаже дека авионот цело време лета рамно…
* * *
Во рамките на конференцијата имаше и Q&A (прашања и одговори) сесија. Делот со јутјуберот Марк Сарџент – истакнат промотор на теоријата за Рамната Земја, Сарџент го постави на својот канал. Видеото е ТУКА.
За да ве поштедиме од мозочни тумори и да ви заштедиме 40-тина минути, еве дел од прашањата и одговорите:
• Го прашуваат што треба рамноземјашите да направат за теоријата за Рамната Земја да почне да се изучува во јавните училишта. (12:20 во видеото)
„Науката ќе мора да го адресира ова прашање, јасно и едноставно. Не можат да нé избегнуваат засекогаш“.
• Сарџент зборува за спиритуалните импликации од рамноземјашството. (21:18)
„Пробај да си атеист и да веруваш во Рамната Земја. Не е возможно. Уште немам најдено атеист што верува во било верзија на рамниот модел“.
• Што правиме со сите тие слики на НАСА од вселената? (26:34)
„НАСА имаше предност од 60 години да проба да го скрие ова, а ние сепак го откривме за колку, две години? Значи, на пат сме. Ние сме далеку поблиску од очекуваното“.
• Сарџент одговара на прашањето кој стои зад „глобалистичката“ лага. Според него, не се многу луѓе во владата. Само неколку. (29:30)
„Зборуваме за многу многу мала група луѓе овде. И не, не сакам да ги именувам… Но тоа е мала страшна група од луѓе кои пушат (пури) седнати околу долга маса“.
• Следно, Сарџент го прашуваат за Илон Маск, кој сака да го истражува Марс. Прашањето е дали Маск ќе ја пробие куполата, ако воопшто стигне, или само ќе се протрие од работ. (31:10)
„Како прво, сé што тој човек вели е бесрамна лага… Илон Маск само извлекува срање од г’зот на неделна основа“.
• Сарџент чита писмо од постар фан со „успешна приказна“. (47:00)
„ … Прашав две постари деца, 6-то и 7-мо одделени, дали некогаш ја спомнуваат Рамната Земја на часовите. Истово се случило и кај едново и кај другово; беа возбудени да ми кажат дека кога наставникот по наука ги учел дека Земјата се врти со 1.000 милји на час и оди околу Сонцето, околу третина од децата во класот во хор одговориле: Не, не се врти! На тоа другите деца аплаудирале и навивале“…
* * *
Ако случајно мислите дека сé ова е заебанција, престанете. Откажете се од негирање на тажната вистина; конференцијата се одржа, а луѓево платија по 250 долари за да присуствуваат. Башка што се снимаа пред камера…
Еве и мала рекапитулација од BBC.