Споредба на Kindle Fire HD со конкуренцијата (видео)

Сега откако новиот Kindle Fire HD беше официјално презентиран на јавноста редно е и да го споредиме со неговата конкуренција.

Како TI OMAP 4470 чипсетот и екранот со резолуција 1900×1200 пиксели се споредува со она што го нудат другите таблети. Споредба со спецификациите на оригиналниот Kindle Fire, Google Nexus 7, Samsung Galaxy Tab 2 7.0, iPad и скоро најавениот Kobo Arc овозможува јасно да се видат силните и слаби страни на таблетот (барем на хартија).

Amazon тврди дека чипсетот со две јадра има перформанси на исто ниво како и Tegra 3, а густината на пиксели на 8,9 инчниот екран е послаба само од онаа на iPad. Дополнително, има и 7 инчен модел со резолуција од 1280×800 пиксели кој ќе чини 200 долари. Ова е исто како дисплејот на Nexus и Kobo Arc за истата цена.

{youtube}q-OuVtRxqrk{/youtube}

Импресивна е и дебелината од само околу 9 милиметри го прави најтенок од сите моментални таблети. Единствено разочарување е што оперативниот систем е направен врз ланскиот Android 4.0 (Ice Cream Sandwich). Ова значи дека нема да ги добиете перформансите и искуството кое го добивате од Jelly Bean – како на пример Butter – ќе бидат недостапни на Kindle Fire HD. Ова значи дека во овој поглед Nexus 7 ќе има значајна предност. [Kindle Fire and Kindle Fire HD hit UK and Europe on October 25]

- Реклама -