Сега можете да си купите и златна конзерва за 1.000 долари

И додека луѓево уште се расправаат дали новиот iPhone со таква цена е апсурден луксуз, некој таму некаде си купува конзерви од злато и сребро.

Очигледно е тренд обични секојдневни предмети да се „надградуваат“ во луксузен статус. Од брендирани камења со кожен ремен, преку фиџет спинери од чисто злато, па до автомобилски патосници како брендирани здолништа или селотејп како ремен, нон-стоп сведочиме етикети со нездрави цени на предмети што некогаш воопшто и не се привлечни.

Њујоршката компанија за накит – Tiffany & co., конкурира таму некаде, меѓу најлудите. Нивната најнова конзерва од 1.000 долари е поскапа дури и од многу од накитот што го продаваат.

Зошто, ооо зошто? Од Tiffany & co. бладаат нешто околу тоа дека „прекрасните нешта не треба да бидат лимитирани само за специјални прилики“, а дека креирањето на парче накит со обичен изглед (метална конзерва) е перфектен начин тоа да се покаже.

Сега си викате, океј, една конзерва е, заради реклама. Не. Во својата линија „Everyday Objects“, Tiffany & co. имаат и пинг-понг рекети од 650 долари, линијар за 450 долари, острилка за молив за 275 долари и клопче од сребрен конец за 9.000 долари.

Па ете, ако баш не ви се допаѓа како го личи грашокот во конзерва во фрижидерот, купете му златна и пресипете го. Ние другите ќе се чудиме кои ли се овие луѓе што на вакви глупости ги трошат парите, и заслужуваат ли воопшто да живеат.

- Реклама -