Гореше Градежен, пожарот ставен под контрола

Утрово избувнал пожар во објектот на Градежен и Архитектонски факултет. Огнот избил во една од предавалните на Архитектонски, по што брзо се проширил.

Присутните студенти и професори веднаш биле евакуирани, а со пожарот се справиле пожарникари со пет противпожарни возила.

Засега уште не се познати причините поради кои избувнал пожарот. Истиот е ставен под контрола, локализиран и изгаснат. Се расчистуваат опожарените простории.

- Реклама -