Пет од шест најскапи градови се наоѓаат во Азија

Иако за првпат годинава имаше најмоќен пасош, четврта година по ред Сингапур е најскап град на светот, се покажало во истражување на „Economic Intelligence Unit“.

Азиските градови заземаат пет од првите шест места на најскапи градови во светот. Сингапур, освен што е најскап град, го има и најмоќниот пасош на светот. Со овој, врвот на листата го делат второпласираниот Хонгконг, потоа Цирих, па Токио, Осака, Сеул и на седмо место е Женева.

Интересно на оваа листа е што на самиот врв покрај петте азиски, се наоѓаат и два европски града и двата лоцирани во Швајцарија.

Веднаш по Женева, на оваа листа се наоѓа Париз, потоа Њујорк и 10-тиот е Копенхаген.

Оваа листа се објавува и обновува еднаш на шест месеци, а како критериуми се земаат цените на храната, домувањето, превозот, лекарските услуги и т.н.

Според оваа листа, најевтин е животот во Алмати, потоа Лагос, Бангалоре, Карачи и Алжир.

Извор на веста: Слободен печат

- Реклама -