Archona Games лансира Kickstarter за Galactic Warlords: Battle for Dominion

На 7ми ноември (вторник), Archona Games ќе го лансира својот Kickstarter под наслов Galactic Warlords: Battle for Dominion. 

Играта е дизајнирана од Babis Giannios, развиена од Archona Games, а позади фантастичниот дизајн и графика стои Михајло Димитриевски попознат како Тхе Мичо.

Galactic Warlords: Battle for Dominion е стратешка игра со тактичко дејствување и планетарна контрола за 1 до 4 лица. Играчите се вселенски воени командири кои се трудат да воспостават контрола врз галаксијата. Преку најмување и играње на различни карти со платеници, играчите ќе бидат во можност да добијат различни единици како што се пешадија, тенкови и летала и истите во комбинација со нивните акции и способности да ги искористат за напад или да воспостават контрола врз планетите на мапата, притоа добивајќи репутација и здобивајќи се со поени. На крајот на играта, играчот со најмногу поени е победник!

„Ја имам играно Galactic Warlords преку 10 пати дo сега, во најразлични улоги и со различни групи. Графиката на играта е многу добро илустрирана од страна на Тхе Мичо и притоа играјќи се чувствуваш како да се бориш со вселенски суштества и ним слични“ – Martyn Poole, Zatu Games (целосна рецензија на играта на линков).

„Навистина ми се допаѓаат различните начини да се победи! Без разлика дали се фокусирам на репутацијата или се трудам да ги добијам сите поени на тој начин или пробувам да ги завршам зададените мисии или се трудам да зафатам поголем дел од мапата… секогаш има повеќе од тоа” – Kevin Delp, Tantrum House (целосна рецензија на играта на линков).

„Иницијалниот концепт за играта која ја добивме од дизајнерот беше навистина цврста основа, која ни дозволи да ја доразвиеме и да направиме супер тематско искуство за играчите. Навистина сме возбудени за играта! Соработката со Тхе Мичо околу артот и Francesco Orru околу фигурите беше големо​ ​искуство​ ​за​ ​нас!“​ – Милан Тасевски, основач на Archona Games.

За повеќе информации околу играта, посетете ја нивната веб страна: www.archonagames.com

За Archona​ ​Games

Archona Games е издавач на друштвени игри и креатор на истите од Скопје, Македонија, основана од Милан Тасевски во 2015. Нивната прва игра Small Star Empires е резултат на успешната Кикстартер кампања во март 2016-та. Моментално работат на неколку нови зданија и се надеваат дека ќе успеат да издадат барем едно од нив во втората половина на 2017та. Покрај Archona Games, луѓето вклучени во процесот се дел и од www.boardgames.mk, македонски веб сајт посветен на промоција на културата на друштвените игри во Македонија.

- Реклама -