Пожарникарски шлемови од 1800-тите

Маскиве потекнуваат од периодот меѓу средината на 1800-тите и Првата светска војна (1914 год.). Се работи за пожарникарски шлемови користени во спасувачки операции во објекти исполнети со чад.

Црниот е направен од кожа, и потекнува од Хамбург. „Златниот“ е направен од месинг и потекнува од Париз.

Овие маски работеле со многу едноставна апаратура, што значи дека овозможувале само кратко време на операција. Се дишело преку флексибилни цевки со вкупна должина и до 13 метри, со кои оперирал помошник надвор од објектот.

Туку, познати ви се?

Околу 100 години подоцна, во 1977 година, „маски“ со многу сличен дизајн се појавија во „Војна на ѕвездите“ на Џорџ Лукас. Лукас отсекогаш ги наведувал „Flash Gordon“ и „The Hero With a Thousand Faces“ како инспирација, но сличноста со пожарникарскиве шлемови е премногу голема за да биде случајна, зар не? Ако уште не сте убедени, знајте само дека во 19-тиот век, еден од производителите на вакви шлемови се викал Vajen-Bader. Земете ја првата буква од името и остатокот од презимето и добивате – Vader.

- Реклама -