#НаТочак ја фати полицијата „со спуштени гаќи“

На семафорот пред ЕУ инфо центар, полициско возило удри во велосипедист. На пешачки…

Полициското возило свртело десно заобиколувајќи го триаголникот и удрило во велосипедот додека поминувал на пешачки на зелено. Велосипедистот е во ред. Ситуацијата не е. Укажува на тоа колку полицијата ги почитува правилата. Малку.

Од иницијативата #НаТочак, кои ја споделија информацијава на нивната Фејсбук страна, викаат вака:

„Ова е еден од низата случаи во кои #НаТочак укажува за третманот на полициските службеници кон велосипедскиот сообраќај. Секојдневно сме сведоци на паркирани полициски коли на велосипедска патека“.

Наместо службениците да се ангажираат во казнување на автомобилите кои ги кршат правилата, тие самите ја загрозуваат безбедноста. Секојдневно сме сведоци на непрописно возење, прекршување правила и прописи од страна на полицијата, дури и кога нема пуштено ротациони светла. Но, општоприфатено е тоа да се толерира бидејќи – тие се полиција, велат од #НаТочак.

„Имаме системски проблем. Бараме многу посериозен ангажман од МВР заедно со РСБСП за едукација на службениците во однос на велосипедскиот и пешачкиот сообраќај. И ние сме сообраќај рамноправен со останатите. За безбедност НаТочак!“

- Реклама -