Јас сум Лајка, а ова е мојата вселенска приказна…

Во 1957 година, Советите качија улично куче во Спутник 2 и го лансираа во вселената. Се викаше Лајка. Кога меѓународниот прес ја објави веста, јавноста се збрлави. Не затоа што Советите беа понапред во вселенската трка, туку како некој има душа да прати куче во вселената, само и беспомошно?

И тогаш луѓето сакаа кучиња колку и денес, па Советите мораа да смислат лажна приказна. Лајка стана народен херој. Да, таа почина на нејзината мисија во еден правец. Но ја обиколуваше Земјата цела недела со крената глава, сé до нејзината мирна смрт.

Освен што не беше така. Подоцна обелоденетите документи од советската вселенска програма покажаа нешто друго. Целиот тек на настаните го раскажавме и претходно.

Ова овде не е светла приказна, но е нејзината приказна, раскажана од нејзина перспектива.

„Во името на татковината, другарот Ленин, во името на партијата и во името на колбасите… Јас сум Лајка, првото куче во вселената…“

https://vimeo.com/popsci/laika-our-hero

- Реклама -