Во источна Азија има едно чудно овошје со вкус на свинско. Се вика nangka (jackfruit), а некои научници сметаат дека токму ова овошје може да помогне во решавање на глобалниот проблем со гладта.
Куп научници, а со нив и Светската банка и Обединетите нации, предупредуваат дека климатските промени можат да доведат до сериозно намалување на производството на пченица и пченка. Nangka, тврдат некои, може да биде добра замена.
„Ова е најголемото познато овошје и е преполно со хранливи материи. Дури и малите плодови тежат од 5 до 7 килограми, а можат да достигнат и до 45 килограми. Лесно се одгледува, отпорно е на штетници, болести, суша и високи температури“, вели Даниел Ниренберг – претседателка на организацијата Food Tank, која се бави со одржливост во земјоделството. Згора на тоа, на едно дрво растат и до 150 плодови.
Не само што еден плод е количински доволен да нахрани цело семејство, туку неговите семки (во еден плод ги има и до стотина) се полни со протеин, калиум, калциум и железо.
Вкусот на зрелиот џекфрут го споредуваат со комбинација на ананас, јаболко и банана. Може да се јаде и сиров, ама најчесто се јаде зготвен (има многу начини и варијанти на подготвување). Кога плодот е недозреан, а после едночасовно готвење, вкусот потсетува на свинско месо, па на запад е сé попопуларен (иако е сé уште редок) кај вегетаријанците, пишува Индепендент.
Освен за исхрана, листовите на џекфрутот можат да се користат за исхрана на кози и друг добиток, стеблото се користи и како огревно дрво или во производство на мебел, а од него се добива и пигментот која ја дава карактеристичната боја на облеката на будистичките монаси во југоисточна Азија. Дрвото дава и специфична леплива супстанца слична на латекс, која може да се користи како лепило.
Меѓутоа, има и пар „проблеми“. Додека во Бангладеш е многу популарен, Индија избегнува џекфрут. Го сметаат за храна за сиромашните. Понатаму, брзо се расипува – само неколку недели по бербата (се бере два пати годишно). Сепак, има многу начини за складирање. Последно и можеби не помалку важно, однадвор многу смрди, на скапано…
Целата сторија прочитајте ја на Independent.