Како Мекдоналдс се опари од легализацијата на марихуаната

САД легализираат марихуана, Мекдоналдс прави пари. Каква е поврзаноста?

Тие што пробале, знаат – ГЛАД. Сериозен глад. Тоа е гарантираниот исход што уживателите на марихуана го чувствуваат по пушење џоинт. А да имаш ланец на брза храна во држава каде рекреативната марихуана е легална, е како да имаш сендвичара во школски двор – профитабилно!

Истражувањето на Green Market Report и консултантската компания Research about Cannabis, направено врз солиден примерок од 27.000 испитаници во 25 земји, покажува дека 43% од анкетираните уживатели на легална марихуана го избрале Мекдоналдс како прва опција за гасење на жедта за гнетење во последните четири седмици.

Зошто баш Мекдоналдс? Главно затоа што има најмногу свои ресторани во државите во САД каде што продажбата на канабис (и рекреативен, и медицински) е легална. Сепак, со добро проучување на пазарот (т.е. интересите, демографијата, платите, образованието и корисничките навики на потенцијалните клиенти), помалите конкуренти имаат исто така добра прилика да се позиционираат на пазарот, смета Џефри Стејн – потпретседател на Consumer Research about Cannabis. Според експертите, ако марихуаната биде легализирана на федерално ниво (во сите американски држави), во освојување на уживателите на канабис ќе се впуштат и другите ланци за исхрана.

Во време кога луѓето повеќе од било кога се свесни за здравата, и особено за нездравата исхрана, уживателите на марихуана можат да се покажат како вистинскиот месија на ланците на рестораните за брза храна. Прво, зашто после асален џоинт грижата околу здравата исхрана се сведува на минимум. Второ, затоа што корисниците на марихуана се посебно лојални (кога си „хај“ не сакаш да ризикуваш да јадеш лош сендвич, на пример, туку јадеш од проверени места).

Прочитајте и: ЗОШТО СИ ГЛАДЕН ПОСЛЕ ЏОИНТ

Во моментов во САД рекреативната консумација на марихуана (за полнолетни лица) е дозволена во 7 држави, а медицинската – во 32.

Што се однесува до омилените фаст фуд ресторани на напушените, топ листата изгледа вака:

  1. McDonalds (43%)
    2. Taco Bell (18%)
    3. Wendy (17.8%)
    4. Burger King (17.6%)
    5. Subway (8.7%)
    6. Kentucky Fried Chicken (5.5%)
- Реклама -