Зошто масовните убијци не треба да ги има по вести

Едно масовно убиство (види Лас Вегас) и медиумите добиваат материјал за со денови. Веќе третиот или четвртиот ден, кога ќе снема важни информации, ќе почнат да ве известуваат за сите можни баналности, како на пример видео од партија пинг-понг што убиецот ја играл пред 10-тина години… Во секоја од тие прилики, главното прашање што ќе го поставуваат е „Зошто?“. Зошто убиецот тоа го направил?

Вистината е дека ако сакаат да знаат „зошто“, доволно е да прашаат форензички психијатар. Нивните мотиви некогаш се други; ги знаете и самите. Вистинското прашање е: дали треба да се известува за масовни убиства бомбастично и со денови и до исцрпување на секој детал? Еден форензички психијатар го има одговорот, уште одамна…

- Реклама -