Концертната сала на Хамбург (дизајнирана со алгоритам)

Од годинава Хамбург има нова концертна сала. Можеби се градеше 7 години подолго од планираното, и можеби чинеше 10 пати повеќе од предвидениот буџет, ама вредеше.

Се вика „Elbphilharmonie“, собира 2.100 луѓе, и чини 843 милиони долари. Дизајнирана е од швајцарските архитекти Жак Херцог и Пјер де Меурон (познати по Националниот стадион во Пекинг, познат и како „птичјо гнездо“), во соработка со јапонскиот акустичар Јасухиса Тојота (познат по Концертната сала на Волт Дизни во Лос Анџелес). Со голема помош од комплексни алгоритми, овие тројца ги дизајнирале 10-те илјади акустични панели од кои е составен аудиториумот.

За некои дизајнери тоа е страшен подвиг. Што ќе рече архитектот Бенџамин Корен, „имам 100-процентна контрола при подесувањето на алгоритмот, но понатаму немам никаква контрола“.

Во случајот со дизајнерите на Elbphilharmonie, тоа не ги исплашило. Како резултат, секој од овие акустични панели се состои од еден милион „ќелии/клетки“ кои ги покриваат таваните, ѕидовите и преградите на централниот дел од салата.

Кога звукот ќе удри во овие панели, „клетките“ помагаат да се оформи звукот; или ги апсорбираат звучните бранови, или ги рефлектираат, или ги распрснуваат ширум салата.

Оттаму, нема два исти акустични панела кои го „трансформираат“ звукот на ист начин. Меѓутоа, земени во целина, создаваат перфектна акустика и аудио што може да се чуе во секој дел од салата.

Освен феноменалниот и напреден аудио-инженеринг, Elbphilharmonie може да се пофали и со спектакуларна фасада, која се издига над реката Елба како највисока зграда во градот.

Покривот е дизајниран да ја имитира формата на брановите, а фасадата е составена од 1000 глас-панели кои ја менуваат бојата во зависност од светлината.

А внатре…

Видео со хајлајтс од отварањето:

Еве и еден перформанс, за одблизу да го видите ентериерот:

- Реклама -