Првото нешто што го направи жената што доби 758 милиони долари на лото

Има 53 години и тукушто стана добитник на најголемата поединечна награда во историјата на американската лотарија Powerball. Се работи за Мејвис Ванчук, мајка на две деца и медицинска сестра од својата 32 година во малиот град Чикопи во Масачусетс.

Сигурно нема да се изненадите кога ќе чуете дека, како што пренесува Associated Press, првото нешто што Мејвис го направила е – дала отказ. Мислевме дека медицинските сестри се таму од љубов, ама хеј, вие не би? Мејвис го добила џекпотот во средата вечерта. Веднаш потоа се јавила во болницата да ги извести дека веќе нема да оди на работа.

Откако од добивката ќе бидат одбиени даноците, на Мејвис ќе ѝ останат 336 милиони долари. Тоа е најголемата индивидуална добивка во историјата на американската лотарија. За волја на вистината, најголемиот џекпот на Powerball-от падна во 2016-та и изнесуваше 1.586.400.000 (милијарда и пол) долари, но тогаш го делеа тројца добитници, од кои секој доби по 327.8 милиони.

Сепак, на Мејвис останува да избере како и колку пари ќе добие. Изборот ѝ е: да ѝ бидат исплатени на рати во текот на 29 години, или да ѝ биде исплатена целата сума наеднаш. Ако го избере второво, ќе добие двојно помалку пари… Знаеме, мајка си тракале, ама па и не е толку лошо да се има ваква мака, нели?

Патем, Мејвис ја играла комбинацијата 6, 7, 16, 23, 26 и 4, составена главно од родендените на своите деца и други блиски.

- Реклама -