Гледајте го помрачувањето на Сонцето во живо (линкови)

Денес САД имаат привилегија да го гледаат првото тотално помрачување на Сонцето по скоро 100 години. Патот на „тоталити“ т.е. траекторијата по која ќе се движи целосната сенка на Месечината на површината на земјата се протега од Орегон на западниот брег на САД, до Јужна Каролина, на источниот брег на земјата.

Во меѓувреме, ние ја добиваме утешната награда, што никако не е за потценување, да го гледаме помрачувањето во живо, преку интернет, преку бројните livestream сервиси.

За почеток, тој на НАСА. Ќе нé почасти со слики и видеа од пред, за време на и по тоталното помрачување, снимени од 11 вселенски летала, барем 3 авиони и повеќе од 50 балони на голема височина, како и од астронаутите на Меѓународната вселенска станица. Зборуваме за пренос во живо од околу 4 часа.

Можете да ја симнете и апликацијата на НАСА за iOS и Android, а стримот ќе биде емитуван и на Facebook LiveTwitch TV, YouTube и др.

Каналот NASA TV eclipse images ќе ги пренесува најновите слики и снимки како што ќе пристигнуваат, без коментар.

Пренос во живо ќе има и телескопскиот сервис Slooh на Slooh.com. Астрономи и гости експерти ќе пренесуваат околу 5 часа во живо од Rocky Mountain Ranch во Ајдахо.

The Weather Channel и Твитер ќе имаат свој лајвстрим.

 

- Реклама -