Home Спорт Златен медал за Македонија

Златен медал за Македонија

0

Очекувано огромно е задоволството во македонскиот табор по вчерашното освоено злато на Оливера Наковска-Бикова на Параолимпијадата во Лондон, прво за нас по 1992 година кога во Барселона до најсјајното одликување стигна актуелниот тренер на параолимпијците Бранимир Јовановски.

Нескриена е возбудата и кај Наковска-Бикова која успеа да го постигне својот најдобар резултат во кариерата, сето тоа заокружено со светски рекорд и златен медал…

„Возбудата не може да се сокрие. Секако пресреќна сум, за себе и за Македонија. По првите одлични серии потоа успеав да останам концентрирана до крај што неизбежно ме однесе до златниот медал“ вели Оливера, ден по нејзиниот ден за паметење.

„Македонија треба да биде горда на големиот успех кој го постигна Оливера. Треба вистински да се разбере тежината на постигнувањето кое уште еднаш ја прослави Македонија. Постигна навистина одлично постигнување ако се знае дека подготвителниот период не течеше комплетно според нашите посакувања. Но и покрај проблемите овде во Лондон успеавме пред се психички да се подготвиме и да дојдеме до овој голем резултат“ истакнува и тренерот Бранимир Јовановски нагласувајќи дека нема многу време за прослава затоа што веднаш следат подготовките за новите настапи.

„Верувам дека нема да застанеме само на овој медал. Веднаш почнуваме со подготовките за другите две дисциплини на кои ќе настапат нашите натпреварувачи. Во добра форма се и двајцата па очекуваме нови позитивни вести од стрелачкиот турнир“ дополнува Јовановски.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here