Најпознати „Баба Роги“ од целиот свет

Баба РогаВо разни земји во светот, постојат различни фолклорни приказни за чудовишни суштества кои својот гнев го насочуваат кон децата, т.е. приказни со кои се условува послушноста на децата. Прочитајте за некои од најпознатите (за кои веројатно немате чуено).

Во разни земји во светот, постојат различни фолклорни приказни за чудовишни суштества кои својот гнев го насочуваат кон децата, т.е. приказни со кои се условува послушноста на децата. Прочитајте за некои од најпознатите (за кои веројатно немате чуено).

ДемонДемон – крзнена жаба со пипци (Австралија)

Во Австралија живеат некои од најопасните животни за човечкиот вид. Таму, постојат дури и отровни полжави. Па така, Абориџините морале да смислат нешто далеку поужасно од реалноста за да ги заплашат своите потомци. И го смислиле – Јара-ма-иха-ху – жаба со висина на човек, прекриен со црвено крзно и долги пипци. Ова чудовиште се криело во крошните на смоквите и чекало мали деца да поминат оттаму. Тогаш скокало и со помош на пипците ја цедело крвта од малото човече сѐ додека тоа не станело премногу слабо да се движи. Во тој момент, од причини кои не ги објаснува легендата, чудовиштето заминувало за момент, но подоцна се враќало, го проголтувало детето, по што го исплукува како мало чудовиште со црвено крзно. Ефективно, нема збор!

КукоКуко, јадачот на деца (Шпанија)

Во сите земји на кои основа им е шпанската култура, одговорен за „воспитување“ на децата е Куко, јадачот на деца. Приближно, текстот на една од приспивните песни во оваа култура оди вака: „Спиј мало дете, спиј сега или Куко ќе дојде и ќе те изеде“. Секако, не постои поефективен начин да заспиете дете, отколку да му всадите идеи за човекојадец кој го демне. Нормално, употребата на Куко не престанува тука. Креативните родители го користат како закана за децата кои одбивааат да јадат, кои не се заинтересирани за училишните работи, прилично за сѐ што ќе им падне на памет. Потоа им преостанува само да ја платат сметката за психијатарот.

Баба РогаЦрната Анис и Баба Рога (Јага) (Англија и сите словенски земји)

Она што Англија и словенските земји го имаат како заедничка точка во културата е неверојатната анимозност кон старици. За разлика од остатокот од светот кој ги плаши децата со чудни и злбони мажи, во овие земји тоа се прави со бабички. Во Англија постои Црната Анис, жената која живее во пештера, носи здолниште од кожи од деца, има железни канџи и го обожува вкусот на детското место. Во словенските земји, Баба Рога (во некои земји Баба Јага) е одвратна грда старица која живее во кокошарник, јава на метла кога пребарува по земјата за заскитани деца и погодивте – обожува да ги јаде. А нема ништо пострашно отколку некој да ве џвака без заби, нели?

ДетегорачЧовекот со изгорена нога (Египет)

Името на ова чудовиште е Або Рагл Ма Слока, што во буквален превод значи човек со игрена нога. Тој исто така лови деца, ги готви живи (на отворен оган) и потоа така испечени ги јаде. Зошто? Затоа што е екстремно лут поради фактот што ногата му е изгорена! Но, зошто му е изгорена ногата? Кога бил мал, не ја слушал мајка му и се изгорел. Затоа сега бара деца кои не ги слушаат родителите и ги казнува. Малку поени за заплетот на приказната, но честитки за креативноста!

- Реклама -