Измерете се на Јупитер, со вагата „Сончев систем“

Ако се чувствувате виновни по секој десерт, би можеле да размислите за избегнување на ваги.

А ако апсолутно морате да се измерите, тогаш ова наставно помагало е совршено. Вагата е дизајнирана за децата да можат да научат факти за сончевиот систем, но уште поважно ви овозможува да се измерите со гравитацијата на различни планети во нашиот сончев систем.

Кога ќе стапнете на една од осумте планети или Месечината ќе чуете факти за карактеристиките на секое небеско тело – со гласот на доктор Нил Деграс Тајсон. Вистинската атракција е вградената вага.

Кога првпат ќе застанете на вагата ќе ја видите својата тежина на Земјата (вагата е правена за деца па мери до максимум 100 килограми) но ако застанете на некоја од другите планети ќе видите како вашата тежина варира во зависност од гравитацијата на секоја планета.

Ако се чувствувате виновни за вашето јадење би сакале да се измерите на Месечината, Меркур, Венера, Марс и Уран кои имаат помала гравитација од Земјата. Но избегнете го Јупитер по секоја цена ако не сакате вагата да ви каже дека тежите колку мало слонче. [Hammacher Schlemmer – The talking teaching Solar System Scale]

- Реклама -