Младите во светот сè потешко наоѓаат работа

Повеќе...Тие се паметни, образувани и спремни да работат, но истовремено никој од работодавците не ги бара. Затоа е очигледно дека зголемената стапка на невработеност во светот најмногу им штети на младите, кои не можат да зачекорат ни на првото скалило на својата кариера заради пребирливите работодавачи, според анализите кои беа објавени во Businessweek магазинот.


Unemployed-WorkerТие се паметни, образувани и спремни да работат, но истовремено никој од работодавците не ги бара. Затоа е очигледно дека зголемената стапка на невработеност во светот најмногу им штети на младите, кои не можат да зачекорат ни на првото скалило на својата кариера заради пребирливите работодавачи, според анализите кои беа објавени во Businessweek магазинот.

Оштетени се сите, од оние без средношколско образование до оние со дипломи од високо образование – од САД, Велика Британија до Јапонија. На пр. стапката на невработеност на младите од 16 до 24 години во САД, минатата година изнесуваше 13%, а оваа година порасна до 18%. Неможноста за вработување, за оние кои се наоѓаат на почетокот на својата кариера, може да остави далекусежни и долготрајни последици, што доведува до настанување на „изгубена генерација“.

Бројните студии сугерираат дека долготрајната невработеност значително влијае врз животната заработка, но и на потенцијалот бидејќи таквите личности на крајот прифаќаат слабо платени работни места, на кои не можат да го искористат својот потенцијал, ниту подоцна можат да се „продадат“ во понудите за подобро работно место. Истовремено, невработеноста на младите им штети и на работодавачите, бидејќи им недостасува свежина и виталност. Она што е најалармантно, идните потенцијали се турнати на маргините, немаат работно искуство и им недостасува мотивација.

Но, ниту иднината не е баш розева. Имено, кога стапката на вработеност ќе порасне повторно, многумина ќе останат разочарани бидејќи ќе добиваат работа на пониски позиции од оние кои за време на кризата успеале да ги зачуваат своите работни места. Тоа посебно ќе биде демотивирачко за оние млади луѓе, кои времето додека трае рецесијата ќе го искористат за дополнително усовршување, според експертите. За едно работно место ќе се борат повеќе генерации, а ситуацијата ќе биде најлоша за оние кои немаат висока стручна спрема, објаснуваат тие.

Нелогично е, според мислењето на многумина, дека токму младите се најголеми жртви во економската криза. Според нивното мислење, компаниите во кризата би требало да се насочат токму кон вработување млади луѓе, кои се поевтина работна сила од постарите вработени. Но и работодавачите и постарите вработени порадо не би се впуштиле во ризик.

Приказните за „изгубената генерација’ во Јапонија се спомнуваат уште од 1995 година. Според тамошното Министерство за внатрешни работи, 3,1 милион Јапонци на возраст од 24 до 34 години, работат на определено време или хонорарно, што е за 1,1 милион повеќе отколу пред 10 години. Иако постарите Јапонци тврдат дека за тоа се виновни самите млади, обвинувајќи ги дека се разгалени и се надеваат само на part-time работни места, економистите тврдат дека голем дел од одговорноста сносат и работодавачите. Имено, во Јапонија повеќе се цени долгогодишното работно искуство, кое младите, нормално, го немаат.

Европа, пак, нуди поинаква лекција. На пр. постарите вработени во Шпанија се заштитени со долгорочни договори и тешко е да им се даде отказ, па кога треба да се штеди, работодавачите штедат на младите. Тоа е и една од причините зошто невработеноста кај младите во оваа земја изнесува високи 39%,а  слично е и во Франција, каде невработеноста на младите изнесува 24%, а во Британија – 19%.

Заради тоа многу стручњаци предупредуваат дека ова можеби е најповолно време за долго најавуваната либерализација и реформа на пазарот на трудот во многу земји, бидејќи невработеноста меѓу младите уште не е драматична како финансиската криза од пред една година, но би можела да има значително долгорочни и далекусежни последици. [The Lost Generation]

- Реклама -