Стивен Хокинг е цар на хуморот

Едно старо, ама златно интервју на Џон Оливер со веројатно најголемиот мозок во моментов на планетата – Стивен Хокинг.

За Џон Оливер и така и така, ама го споделуваме заради смислата за хумор на Хокинг, која овде блеска во полн сјај. Тие што ги читале неговите книги веројатно нема да бидат изненадени, ама сеедно, сите ќе уживате.

Нашиот омилен момент, освен суптилните насмевки на Хокинг:

Џон Оливер: „Истакна дека веруваш дека можно е да постојат безброј паралелни универзуми. Значи ли тоа дека таму некаде постои универзум во кој јас сум попаметен од тебе?“
Стивен Хокинг: „Да. А исто така и универзум во кој си смешен.“

- Реклама -