Извлечени групите за Лигата на шампионите

Пеколна група на четири европски шампиони го очекува најквалитетното клупско натпреварување на Стариот континент оваа есен.

Денешната ждрепка за групната фаза од натпреварите во Лигата на шампионите ни ја подари Групата Д во која се сместија шампионите на Шпанија (Реал Мадрид), Англија (Манчестер Сити) Холандија (Ајакс) и Германија (Борусија Дортмунд), која е дефинитивно група на „смртта“ за есенскиот дел од ова натпреварување.

Интересно се очекува да биде и во групата Е каде ќе бидат бранителот на европската круна, екипата на Челзи, како и шампионот на Италија, Јувентус заедно со Шахтјор Доњецк и данскиот Нордсјиланд, додека Барселона е во група заедно со Бенфика, Спартак Москва и Селтик.

Тимот на нашиот Горан Попов, Динамо Киев е во групата А заедно со Порто, францускиот ПСЖ и Динамо Загреб. Сепак, Попов најверојатно нема да биде дел од годинашнава Лига на шампиони со оглед на тоа што е во очекување на трансфер во премиерлигашот Стоук каде треба до крајот на годинава да настапува како позајмен фудбалер.

- Реклама -