Македонија дисквалификувана во натпреварот во познавање на Куранот

На интернационалниот натпревар во познавање на Куранот кој се одржува во Дубаи, дисквалификувани се 11 од вкупно 103 учесници.

Меѓу нив и од Македонија, а и претставниците на Кина, Ирска, Грузија, Србија, Шведска, Норвешка, Маврициус, Барбадос, Нов Зеланд и Сингапур.

Дисквалификувани се бидејќи „не се подготвиле доволно“ и „не се покажале пред стручната комисија“.

Натпреварот се организира еднаш годишно во организација на шеикот Мухамед бин Рашид Ал Мактум – потпретседателот и премиер на ОАЕ и владетел на Дубаи. Секоја година привлекува сé повеќе учесници од целиот свет.

Од 103 учесници поминаа само 39, кои ги очекува финален тест во познавање на светата книга на исламот.

Б92

- Реклама -